Нашето дете создадено од зрак светлина полни една година
Хипичка душа со малку див запад (стилот се наследува од сестра ѝ)
Дојдете да ја прославиме Зои
Дојдете како сакате – најважно ни е да дојдете!
Ама некако сме сигурни дека дома ви има останато барем едно парче од дивиот запад од роденденот на Гаиа 🤠
Со оглед дека сме во Бравадос, опкружени со преубави коњи – фотките ќе ви бидат топ ако сте во тој филм.
А за Зои да си има и своја приказна (што не ја избра Гаиа 😄) – слободно додадете и нешто цветно или (вио)летово
Искрено… многу е тешко да знаеш што точно сакаш на 1 година
A и реално…Зои има апсолутно сè
Па наместо уште играчки, облека и тропалки – слободно земете нешто мало, симболично.
Ако сакате да бидеме и еко френдли, а воедно да придонесете за нејзината иднина, најпрактично за нас би било онолку колку што сте планирале за поклон да ѝ го дадете во парички, без никаков притисок
Ние најмногу сакаме да се собереме и да си поминеме убаво